Ципрас: Нема да работам со стариот политички систем
Објавено во: Балкан 25 Август, 2015 11:26
СИРИЗА ќе работи за јасен четиригодишен менаџерски мандат, коментираше за време на седница на политичкиот секретаријат на партијата водачот Алексис Ципрас во врска со можностите за пребарување на партнери во управувањето по изборите, пишува "Катимерини".
Тој дополни дека нема да работи со "системските сили од стариот политички систем".
Партијата ќе изработи лева програма за управување, која ќе и се спротивстави на неолиберална Европа, но и ќе ја врати "довербата на светот, за да биде извршена програмата за прогресивни промени", кои ќе ја ослободат Грција, посочува "Етнос".
Пред своите сопартијци Ципрас истакна уште и дека оставил во рацете на народот да одлучи дали владата доживеала неуспех при правилна политика на преговорите со доверителите, како и кој ќе ги води понатамошните преговорите со кредиторите бидејќи претстои важна битка за олеснување на обврските.
Седницата сепак беше обележано и од оставката на секретарот на партијата Тасос Коронокис, кој не се согласува со тактиката на претседателот да не се одржи вонреден конгрес на партијата пред предвремените избори. Тој, сепак останува во партијата.
Ова е уште една епизода од расцепот во СИРИЗА, откако Панајотис Лафазанис оддели 25-ца пратеници од партијата и во моментов е третата политичка сила во грчкиот парламент. Како таква таа доби и прелиминарен мандат за формирање на влада. Лафазанис беше категоричен дека во овие три дена ќе покаже дека земјата има потреба од влада што ќе застане против ограничувањата наметнати од доверителите.
Со расправиите во СИРИЗА реално можат да тргнат наопаку плановите на премиерот во оставка да управува самостојно по експересните предизборни гласања во септември.
Според анкети направени на крајот на јули, Ципрас е наодобруваниот политичар во земјата, а неговата партија е првата политичка сила, но процентите не се доволни за самостоен кабинет.
Не е јасно каков ќе биде резултатот за проектот на Лафазанис и токму тој може сериозно да ја промени политичката слика во земјата. Така, дури и првата политичка сила, СИРИЗА може и да не открие доволно сојузници, за да го преземе повторно управувањето со Грција.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




