19 Декември, 2025
0.0353

Ципрас: Ниту еден сиромашен Грк нема да остане без стан

Објавено во: Балкан 23 Јули, 2015 12:01

Добивај вести на Viber

Ниту еден сиромашен Грк, кој живее во сиромашните делови на Грција нема да го загуби својот стан, изјавил од собраниската говорница грчкиот премиер Алексис Ципрас. „Без оваа гаранција ние нема да постоиме“, дополни тој, цитиран од „The ​​Guardian“.

Вечерва во грчкиот парламент се разгледуваа предлозите за промените во Граѓанската постапка, кои се поврзани со објавување на стечај, како и транспонирањето на банкарската директива во грчкото законодавство. Премиерот на Грција гарантира дека правилата нема да се однесуваат на единственото живеалиште на должниците.

Во своето обраќање до пратениците грчкиот премиер Алексис Ципрас се навратил на ноќта на 12 јули, која, по негови зборови, ја промени Европа. Грција прифати копромис, кој е во интерес не само на нејзините граѓани, туку и на сите Европејци, дополни тој.

Тој го заштити постигнатиот договор, истакнувајќи дека тој е подобар од „ултиматумот од 25 јуни“, макар и да призна дека грчката влада била принудена да ги прифати условите во кои не верува. Отфрлањето на договорот би значело излегување од еврозоната и прогласување на банкрот.

Благодарение на договорот сепак банките повторно се отворени и се потпираат на поддршката од ЕЦБ, посочил Ципрас. По договор во Брисел, Грција ќе може да се врати на пазарите, додал уште грчкиот премиер, но признал дека идеата за „Grexit“ наскоро нема да исчезне.

Сега неговата борба ќе продолжи во обид долговите на Атина да бидат разгледани, како и со корупцијата во земјата, започнување на дијалог за политички реформи и заштита на најсиромашните граѓани, беше јасно уште од зборовите на Ципрас. Тој призна за направените грешки, но додаде дека борбата ќе продолжи.

Во претстојните тешки преговори за третата спасувачка програма Ципрас ќе бара секакви можности и сојузници во Европа.

Лидерот на најголемата опозициска партија „Неа демократија“ - Евангелос Меимаракис обрна внимание дека изјавата на Алексис Ципрас звучи како упатена кон неговите сопствени пратеници во „СИРИЗА“.

И тоа е факт - премиерот е ставен под силен притисок внатре во сопствената партија. Гласањето, кое се одржи е показател за иднината на кабинетот.

Самиот Ципрас бил категоричен од парламентарната трибина вчера дека не планира да поднесе оставка доброволно и „да ја напушта тврдината“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација