Ципрас отвора ново подглавје во политиката
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2015 14:56
Грчките гласачи имаа избор да го отфрлат човекот кој ја доведе земјата многу блиску до моментот да бидат принудени да се откажат од еврото. Наместо тоа, тие го прифатија, пишува во својата анализа „Bloomberg“.
Алексис Ципрас и неговата Коалиција на радикалната левица, или „СИРИЗА“, победи во вторите избори за последните осум месеци. Поддршката за партијата малку се намалува во однос на претходното гласање, но е доволно категорично дека ја катапултира повторно во власта.
„СИРИЗА“ доби 35,5% од гласовите наспроти 28,1% за десничарската „Нова демократија“.
Победата на Ципрас не само што ги зацврсти позициите во грчката политика, туку и ги открива парадоксите во земјата, чија економија се претвори во сенка, во спомен од претходната економска сила. Ципрас дојде на власт пред неколку месеци со ветување дека ќе ги прекине мерките за штедење и ќе го закрепне „достоинството“ на Грција, а сега ќе мора да направи уште намалувања на трошоците и да ги зголеми дополнително даноците, бидејќи на крајот договори трет спасувачки пакет за 86 милијарди евра.
„Електоратот гласаше да се врати на власт една партија која ги фрли своите ветувања и предизвика колапс на грчките банки, што доведе до непотребна рецесија“, коментира Статис Каливас професор по политички науки на Универзитетот во Јеил. Според него, сепак оваа влада ќе мора да спроведе низа на фискални и структурни реформи, кои предходно решително ги отфрлаа, додава тој.
Грчките државни обврзници забележаа највисок поврат од должничката вредност на земјите од еврозоната и берзата исто така се опоравија откако Ципрас го промени тоа. Според аналитичарите несигурноста е отстранета, бидејќи Ципрас има политички мандат да ги спроведе мерките за штедење и Грција треба да почне да се движи напред. Тоа практично значи дека Ципрас е најголемата среќа во политиката.
Во летото Грците доживеаја некои од најпознатите болни моменти од финансиската криза што ја зафати земјата, потсетуваат новинските агенции. Банките беа затворени некое време, како и берзата. Кризата почна да се расплеткува откако Ципрас се спротистави на барањата на доверителите и се согласи да прифати пакет барања можеби дури потешки од оние за кои грчките гласачи ги отфрлија на референдумот.
Аналитичарите очекуваат дека новата влада на Грција ќе биде доста стабилна и ќе ги исполни точно спасувачките мерки. Така Ципрас речиси не плати никаква политичка цена за усвојување на мерките за штедење, освен изборната апатија. Активноста на гласачите достигна само 56% - најниската од 90-тите години наваму.
Бидејќи не успеа да собере доволно мнозинство за самостојно управување, „СИРИЗА“ ќе управува заедно со малата партија „Независни Грци“. Со само пет пратеници над мнозинството сепак коалицијата ќе има малку простор за маневри и грешки.
Ако Ципрас успее конечно да ги освои европските лидери и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), тој може да биде во можност да ја зајакне финансиската состојба на земјата. „СИРИЗА“ одамна инсистира за отпишување на дел од грчкиот долг, а доверителите засега пркосат само со можноста за полесни услови за отплата.
Гласачите сепак јасно декларираат дека очекуваат договор со доверителите и по сето тоа планираат да му веруваат на Ципрас.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




