20 Декември, 2025
0.0482

Ципрас пак тргна во бој со Меркел

Објавено во: Балкан 13 Август, 2015 10:51

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас не можеше вчера да ја воздржи иритираноста од германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот финансиски министер Волфганг Шојбле.

Тој изјавил дека сакал да успее да постигне прифаќање на трета спасувачка програма за својата земја "и покрај пречките, кои постојано се појавуваат на патот".

"Некои членки на ЕУ имаат таен план да ја преструктуираат еврозоната, користејќи ја Грција како изговор, но ние нема да им ја дадеме оваа можност", изјави Ципрас.

Овие зборови дојдоа по веста во весникот "Прототема", според која Меркел му рекла по телефон дека нема доволно време да се запознае со постигнатиот технички договор со доверителите во вторникот, што се простира на 400 страници.

И му понудила втор мостов заем, бидејќи еврозоната нема да може да ја одобри 3-годишната програма за 85 милијарди евра. Пред идниот четврток, кога Грција мора да плати 3,4 милијарди евра на ЕЦБ. Подоцна Ципрас се пожалил на францускиот претседател Франсоа Оланд и на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, дека Германците се обиделе да ги саботираат неговите напори по договорените мерки со лидерите на еврозоната . И прашал дали навистина Шојбле е во можност да наметне промена во распоредот.

Договорот се очекува да биде подложен на гласање од министрите за финансии од еврозоната во текот на викендот, а освен Германија резерви кон неговото брзо прифаќање изрази и Финска.

"Во оваа фаза не е јасно дали сме стигнале до моментот во кој да ќе свика вонредно Бундестагот за гласање", изјави вчера портпаролот на Меркел Щефен Заиберт. Се очекува грчкиот парламент да го гласа договорот денес. Лидерот на ултрадесничарските екстремистите во СИРИЗА Панајотис Лафазанис изјави дека "независно од крокодилските солзи на владата" новата спасувачка програма ќе "ја однесе Грција во ќорсокак".

"Прототема" откри дека Ципрас сака да ги поништи сите даночни олеснувања за пратениците. Сега се оданочуваат само 75% од платите, а на хонорарите за учество во парламентарните комисии немало никаква должност. Ројтерс пак дојде до ексклузивни детали од договорот со доверителите, според кои брзата приватизација на државни средства, вклучувајќи и банкарски акции, треба да освојат 6,4 милијарди евра.

Во економијата до 2017 година А "итната" инјекција од 10 милијарди евра ликвидност на банките всушност ќе биде во посебна сметка во Европскиот механизам за стабилност и нејзиното доделување ќе зависи од одобрувањето на претставени од нив нови бизнис планови.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација