20 Декември, 2025
0.0393

Ципрас подготвен да отстапи пред кредиторите?

Објавено во: Балкан, Економија 30 Јуни, 2015 13:21

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас иницира обиди за постигнување договор со кредиторите во последен момент, пишува „grreporter“.

Владата се чини дека е подготвена да отстапи од синоќа категоричното „не“ на премиерот Ципрас на предлогот што му го упатил претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Промената во позиција му беше наложена од притисокот од страна на европските институции, опозицијата, но и од пратениците и европратениците од „СИРИЗА“ во комбинација со тешката ситуација која го предизвика затворањето на банките.

Реакциите од страна на претставници на „СИРИЗА“ почнаа вчера и продолжија денеска, неколку часа пред истекот на 6-месечното издолжување на спасувачката програма.

Според извори од Владата веќе ја испратиле до Брисел пораката дека го ревидираат последниот претставен предлог на Жан-Клод Јункер. Меѓу главните мерки кои се предвидуваат во него, е предлог за решавање на грчкиот државен долг до октомври.

Според европски извори, грчкиот премиер треба да испрати до полноќ писмо до претседателот на Европската комисија, претседателот на „Eurogroup“ Јерун Даиселблум, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Во него треба да се наведе дека Грција го прифаќа предлогот на институциите - кредитори, што тоа беше претставен во неделата. Единствената промена во него ќе влијае на помошта за ниските пензии. Во прилог Ципрас ќе треба да вклучува дека ќе се објави во корист на позитивното гласање на референдумот, кој го свика за во недела.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација