Ципрас: Подготвен сум на компромис
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 19:34
Грција е подготвена за компромис и поради тоа аранжманот со кредиторите може да биде постигнат уште денес.
Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото пристигнување на средбата на врвот на еврозоната, пренесоа агенциите.
Подготвен сум за уште еден компромис. Ќе можеме да постигнеме договор денеска, ако сите го побараат тоа, изјавил тој.
Им го должиме тоа на народите на Европа, кои сакаат Европа да биде обединета, а не поделена, посочил Ципрас, истакнувајќи дека е подготвен за „искрен компромис“.
Еврогрупата има зацртан план за помош на Грција, тој мора да биде утврден од самитот. Ова го изјавил министерот за финансии на Финска, Александар Стуб.
„Подготвен е многу амбициозен проект од страна на Грција. Тој ги вклучува законите кои Грција треба да ги прифати до 14 јули. Тоа се условите и првичните чекори кои Грција треба да ги прифати. Договорените четири насоки за реформи, вклучувајќи ги и даночните прашања, приватизацијата, како и други. Сите тие треба да бидат одобрени од Владата и Парламентот на Грција“, посочил тој.
Ако биде донесена одлука за програмата за помош во рамките на Европскиот стабилизационен механизам, целиот пакет треба да биде реализиран - додал Стуб.
Според него, сега топката е во полето на државите и владите на еврозоната.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




