20 Декември, 2025
0.0903

Ципрас пред нова битка, Грција се сети на првиот банкрот – поради турското ропство

Објавено во: Балкан 14 Август, 2015 12:39

Добивај вести на Viber

По цела ноќ на дискусии, спорови и искрени расправии, грчкиот парламент го одобри третиот спасувачки заем за земјата, кој повторно доаѓа од Европа. Но гласањето ја стави под прашање за иднината на „Сириза“ како владејачка партија - бидејќи само 118 од пратениците на грчкиот премиер Алексис Ципрас го поддржаа пакетот. 32, вклучително и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, се изјаснија против пакетот, а 11 беа воздржани.

Рунда на слободна мисла - тоа е ситуацијата во „Сириза“, а Ципрас ќе бара гласање за доверба на крајот на август, откако Атина и плати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка (ЕЦБ).

Ципрас веќе го најави претходното гласање, со што се определија рамките на договорот, и ако не го поддржуваат најмалку 120 пратеници од „Сириза“, тој не сака да управува. Уште пред денешното гласање беше јасно дека „Сириза“ ќе одржи вонреден конгрес во септември. Потсетуваме дека ако член на партија, влезе во грчкиот парламент, ќе биде исклучен од нејзините редови, тој не може да биде пратеник.

Во светлината на повторна ескалација политичка ситуација во Грција, локалното издание „Greek Reporter“ направи интересна ретроспектива на големите неуспеси на модерна Грција. Пред сегашниот, тие се вкупно пет - во 1827, 1843, 1860, 1893 и 1932 година.

Првиот банкрот е крајно интересен, бидејќи тој е поради Војната за независност од Отоманската империја. Во 1824 година Грците земат 470 000 фунти од Лондонската берза, за да има пари за оружје. Веќе следната година е земен нов заем - 1,1 милиони Фунти, со кој се платени дел од преземените претходни пари. На крајот сепак ослободената земја брзо капитулира финансиски поради каматата. Во 1832 година Грција е призната за независна држава и Големите сили го стават на тронот Ото од Баварија, со што тој го презема управувањето на Грција меѓу 60 милиони француски франци заем, обезбеден од најмоќните европски држави. Во 1843 година Грција веќе не може да плаќа и за овој заем, и сњ најавува втор банкрот. Поради овој банкрот светските финансиски пазари не ја прифаќаат Атина  неколку децении напред.

Доста импресивен е и банкротот од 1893 година. Тој станува факт поради шест земени зазема - три одделни за 155 милиони франци, 89 милиони франци и 60 милиони франци од 1879 година, 120 милиони франци од 1881 година, 100 милиони франци за реконструкција на железничката мрежа во земјата од 1884 година, 135 милиони франци од 1887 година за вооружувањето. А во 1898 година е формиран Меѓународен комитет, кој се занимава со неспособноста на Грција да си ги плаќа надворешните долгови.

Во XX век Грција преживува само еден банкрот - поради големата депресија. А во овој век Атина повторно е на колена и повторно сè се урна па тргнаа од американскиот хипотекарен пазар и светска економска и финансиска криза.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација