Ципрас пренесен во болница
Објавено во: Балкан 03 Август, 2015 18:47
Премиерот на Грција Алексис Ципрас бил пренесен во болница, откако добил симптоми на задушување за време на седницата на парламентот.
Пред викендите грчкиот премиер одеднаш почувствувал мачнина и отежнато дишење и побарал лекар за да го прегледа. Лекарите велат дека Ципрас е добро и поплаките најверојатно се должат на премногу работа и преоптоварување.
„Тој се чувствува добро, најважно е дека нема ништо сериозно“, изјавиле од кабинетот на премиерот, пренесе грчкото радио „Алфа“.
Во последните недели Ципрас се наоѓа под сериозен притисок да потпише договор со кредиторите и да се согласи на штедење наметнато од ЕУ. Ципрас е критикуван за непочитување на предизборните ветувања и неисполнување на обврските кон народот и кон неговата партија „СИРИЗА“, која е загрозена.
Неодамна мајката на Ципрас споделила во интервју дека е многу загрижена за здравјето на својот син, бидејќи тој имал постојана и голема тежнина, спиел многу малку и речиси не јадел ништо. „Се плашам дека нешто може да му се случи“, изјавила таа, додавајќи дека нејзиниот син нема време за семејството, што претставува голема тешкотија за сите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




