Ципрас си поднесе оставка
Објавено во: Балкан 20 Август, 2015 20:05
Грчкиот премиер Алексис Ципрас си поднесе оставка за време на телевизиското обраќање до нацијата, соопштија светските новински агенции.
Ципрас изјавил дека мандатот, кој го добил на последните парламентарни избори на 25 јануари од грчкиот народ, го достигна својот лимит и сега луѓето треба да одлучуваат повторно.
Алексис Ципрас свика предвремени избори, нагласувајќи дека Грците треба да одлучат дали владата ја претставувала земјата со храброст пред кредиторите.
Ние не постигнавме договор каков што сакавме, но тоа беше најдобро во овие околности. Ние сме должни да го исполниме договорот, но ние ќе се бориме да се ублажат неповолните последици.
Јас ќе барам од грчкиот народ да се произнесе и да ја продолжиме нашата владина програма, изјавил Ципрас.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




