20 Декември, 2025
0.0492

ЦИПРАС СПРЕМА ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Грција почнува нови преговори со кредиторите за следната транша помош

Објавено во: Балкан, Економија 29 Август, 2016 10:03

Добивај вести на Viber

Владата на Грција од денеска започнува нов круг преговори со меѓународните кредитори за да ја добие следната транша од 2,8 милијарди евра по линија на доделување на земјата финансиска помош.

Медиумите коментираат дека владата се соочува со нова битка со Брисел и дека нејзиниот почеток е денес со средба на економскиот тим во Брисел на чело со министерот за финансии Евклидис Цакалотос, за да го подготви теренот за Еврогрупата на 9 септември.

Грчката страна ќе има и други средби, на кои ќе бидат дискутирани преостанатите прашања на кои треба да биде постигнат договор за да се дојде до деблокирање на следната транша од 2,8 милијарди евра од третиот пакет финансиска помош.

Набљудувачите go одредуваат претстојното договарање на овaa транша како исклучително тешка за кабинетот na Ципрас, кој во септември треба да исполни 20 препишани мерки од кредиторите , а исто така и други уште 15, најдоцна до 31 октомври, за да gi добие овие пари.

Повеќето од мерките, барани од кредиторите, се оценуваат како исклучително болни, бидејќи се однесуваат на промени поврзани со работните односи и законите, платите во државната администрација, решавањето на проблемот со лошите кредити, реформите во образованието и приватизацијата.

„Катимерини“ неодамна предвиде дека поради тешкотиите кои претстојат со кредиторите, владејачката коалиција може да биде принудена да прибегне кон нови предвремени избори пред крајот на годината.

Во меѓувреме започна одбројувањето за 7,5 милиони даночни обврзници во Грција, сопственици на имот кои до крајот на 30 септември треба да ја платат првата од петте придонеси по данок за сопственост на недвижности.

Многумина од Грците се очекува да добијат писма за повисоки даноци. Петте рати, по една секој месец треба да бидат исплатени до крајот на годината.

Имотот на данок буди страв и ужас кај голем број сопственици, владата исто така е загрижена, но гледа на овој изменет данок како на „мана небесна“, бидејќи се потпира на него да ја наполни државната каса и да ја покрие широката дупка во приходите на дел на буџетот.

Изданието смета дека премиерот Алексис Ципрас е можно да донесе големо изненадување и да излезе со предлог за нова промена поврзана со овој данок, кој ќе го претстави на отворено во септември на последователно издание на меѓународниот солунски саем, на кој традиционално се прави биланс од управувањето на владата.

Од една страна, владината коалиција силно се надева на овој имот на данок наречен скратено ЕНФИА, за да се ослободи од механизмот за намалување на државните трошоци и да остане на власт, за кој инсистираат меѓународните кредитори на земјата, но од друга страна, бара можност, за да парира на острата реакција на општеството поради испраќаните електронски писма од властите врска со овој данок, коментираат весниците.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација