Ципрас: Жена ми ќе ме остави, ако потпишам со кредиторите
Објавено во: Балкан, Економија 19 Јуни, 2015 10:57
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил дека неговата сопруга и мајка на неговите две деца, Бети, ќе го остави, ако потпише договор кој содржи мерки за штедење, соопшти британскиот весник „Тајмс“.
Според запознаените извори Ципрас им открил на сопартијците дека жена му се заканила со развод, ако се согласи на мерки за штедење. Ако потпише „лош договор“, со кој Грција ќе избегне банкрот, сопругата на Ципрас му се заканила дека ќе го остави по цели 25 години брак.
Најголемата „закана“ за бракот на Ципрас се пензиските реформи.
„Мојата влада е полна со решеност да обезбеди понатамошно постоење на пензискиот систем. Ние претставивме конкретни предлози за решавање на овој проблем. Не треба да дозволиме некоректно користење на статистичките критериуми и да ги уништиме обликувањата во последните месеци на компромис“, истакнал премиерот.
Претходно тој изјавил дека Атина ќе почека трпеливо додека кредиторите станат реални. Во исто време, неколку илјади луѓе се собрале синоќа во центарот на грчката престолнина Атина, за да ја изразат својата поддршка за „останувањето на земјата во Европа“.
Учесниците на митингот ја повикаа владата да стори се за да се постигне договор со меѓународните кредитори и Грција и да остане во еврозоната. Меѓу присутните имало и пратеници од неколку политички формации, вклучувајќи и од левицата и од десницата.
Мнозинството луѓе со свирки, со цел да ги „разбудат грчките граѓани“ и да ги сфатат опасностите со кои ќе се соочи, ако владата во Атина не постигне договор со меѓународните кредитори и земјата ја напушти еврозоната.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




