Црна Гора нема да го објавува полот на новороденчињата
Објавено во: Балкан 28 Мај, 2015 19:20
Новиот директор на Клиничкиот центар на Црна Гора, Ранко Лазовиќ изјавил дека во иднина ќе се пријавува само бројот на новородени деца, но не и нивниот пол, бидејќи според него тоа е дискриминација, пренесе „Танјуг“.
„Секаде во светот е задолжително да се пријави бројот на новороденчињата и ништо повеќе. Сметам дека децата од машки и женски пол се целосно исти, имаат ист статус и за тоа не треба да има дискриминација за пол“, истакнал Лазовиќ.
Иако граѓанското здружение „Родители“, вели дека не е јасно зошто тоа е дискриминација, социолозите ја поздравиле одлуката на Лазовиќ.
Црна Гора заедно со Албанија, Азербејџан и Ерменија, е земја со најголем дисбаланс меѓу децата од машки и женски пол.
Статистиката покажува дека во Црна Гора се раѓаат 100 девојки на 110 момчиња, додека природниот баланс е 100 девојки на 102 - 104 момчиња.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




