Црна Гора слави една деценија од осамостојувањето
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2016
Црна Гора одбележува една деценија од осамостојувањето и по тој повод прием беше оранизиран во црногорската амбасада во Белград.
Во чест на 21 мај-Денот на независноста, амбасадорот Бранислав Мичуновиќ рече дека меѓу Белград и Подгорица нема ниту едно отворено прашање.
Тој рече дека овој датум е еден од најважните во историјата на Црна Гора. Амбасадорот наведе дека во 2006 година на мирен и демократски начин земјата се избори за независност.
„Славејќи ја нашата независност, ја славиме нашата историја и ги зајакнуваме темелите на нашата сегашност и иднина, на десетвековна традиција на која е изградена современата црногорска држава, како складно, граѓанско оштество на различни идентитети и култура и најдобра рамка за хармонизација на нашите особености“- рече тој.
Мичуновиќ вели дека Србија е пријателска земја и ќе настојуваат да ја унапредат соработката на сите нивоа.