19 Декември, 2025
0.0550

ЦРНА  ЛИСТА НА  УЈП: Државата е најголем должник на „државата“

Објавено во: Економија 12 Мај, 2016 07:54

Добивај вести на Viber

Јавни претпријатија, државни фирми, медиуми, аптеки, општини се најдоа на новата “Црна листа“ на должници. Забележливо е дека во првата петторка на должници се јавуваат две јавни пртепријатија. На четврто место е Македонија пат кој по различни основи на државата и должи 6 942 262 евра. На петтото место според висината на долговите е Јавното претпријатие Македонски шуми кое има доспеани, а ненаплатени побарувања од 4 081 307 евра. Пред точно три години Македонски шуми објави оглас за дури 1600 нови вработувања, како дел од тогашниот прмовиран прокет на Владара за вработување  на социјално загрозени  лица. Според тогашните најави, една третина од работниците требаше да останат во ова претпријатие, а останатите да се распределат во другите институции. Изборот на вработените се вршеше јавно, пред камерите по принципот на “лотарија“ преку компјутерски софтвер. Јавното претпријатие “Македонски шуми“ од друга страна сеуште е во групата на фирми под државна капа што генерираат загуби. На априлската листа должници се наоѓаат и државните загубари како охридски ЕМО, прилепски Еурокомпозит и погонските единици на скопски Охис. Но тука не завршува бројот на должници основани од државата. Меѓу нив е и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти кое должи 565 935 евра. На листата е националниот сервис  Македонската радиотелевизија заедно со Македонската радиодифузија. Така само МРТ должи 1 205 134 евра додека Македонската радиодифузија има долг од 294 764 евра. Неодамна поради доспеани, а ненаплатени обврски, Управата за јавни приходи ја блокирале жиро сметката на националниот сервис. Ова го вклучи алармот кај Владата, која на итна владина седница се обиде да најде решение за деблокада. МРТ е дел од пакетот на договорот од Пржино, како точка која сеуште нема решение. Финасирањето на МРТ останува отворено и проблемтично прашање, а токму финансиката независност е посочена како услов за професионално и објективно информирање. На должничката листа се наоѓаат и општини и локални јавни комунални претпријатија. Така на пример должник е општина Карпош. Доспеани а неплатени долгови во вредност од 1 756 609 евра има и Тетовското јавно комунално претпријатие. Долг од 12 946 евра има и Федерацијата на фармери како и Сојузот на борци кој должи 20 382 евра. На должничката листа се наоѓаат и илјадници приватни фирми од различни сектори, како прехранбената и фармацевската индустрија, како стотици физички лица. На ново изјавената должничка листа се најдоа 4 593 граѓани и фирми за вкупен доспеан а неплатен долг од 256 милиони евра. Се работи за долгови доспеани до 31 јануари годинава а неплатени до 31 април по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси, акцизи и царини.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд