29 Септември, 2024
0.0340

Црните сценарија на Рубини

Објавено во: Анализа 16 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Нуриел Рубини неслучајно е сметан за човек за кого чашата обично е половина празна. Тој често се мачи за кризите кои демнат. Но сега сме сведоци на интересен пресврт во однос на Грција. Рубини не е така сигурен во своите предвидувања. Причината за ова е дека сценариото за крајот на светот, кој тој го предвидува ако земјата излезе од еврозоната, е толку мрачно за целиот регион што политичарите во Атина и во цела Европа нема да дозволат никогаш да се случи. Други аналитичари шпекулираат дека властите во Германија и во други земји од Европската унија се повеќе подготвени да се забавуваат со идејата за грчкото излегување, но Рубини не ги гледа работите токму така. Трошоците за заемите ќе се зголемуваат за земји како Италија и Шпанија, а европјаните ќе се натпреваруваат да повлечат пари од банкарските сметки, тврди Рубини, кој е професор на Колеџот за бизнис на Универзитетот во Њујорк. Дури Германија - главниот непријател на Грција, го признава овој ризик, коментира Рубини во интервју за Bloomberg. "Не е логично Грција да излезе", вели тој, додавајќи дека тоа ќе повлече низа настани по себе. Иако купувачите на обврзници продаваат грчки, тие изгледаат задоволни од ризикот во однос на останатиот дел од регионот на еврозоната и инвестираат средства во долговите на Италија, Шпанија и Португалија ", што го испраќа приносот на долгот на овие држави до рекордно ниски нивоа. Шпанските и италијанските 10-годишни обврзници се со принос од едвај 1,2%. Во меѓувреме, грчкиот долг опаѓа. Приносот на 10-годишните обврзници на земјата се зголеми до 10,7% во петокот од 8,6% на 24-ти февруари. 3-годишните обврзници пак скокна од 12,4% на 19%. Затоа можеби инвеститорите прават се да ги отфрлат стравувањата дека грчкото излегување ќе ја зарази цела Европа, особено кога земја во која една четвртина од населението на работоспособна возраст е без работа, се справува со реални рокови за вршење на плаќањата по однос на долгот. Иако Грција исплати 350 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд во петокот, таа се соочува со друга финансиска пречка на патот. На 20-ти март, владата треба да плати на ММФ други 346 милиони евра и да рефинансира 1,6 милијарди евра благајнички записи. К.К.