05 Декември, 2025
0.0328

Црногорската влада усвои ригорозен пакет мерки за штедење

Објавено во: Балкан 27 Декември, 2012 18:06

Добивај вести на Viber

Владата на Црна Гора денеска усвои нов пакет мерки за штедење, што предвидува намалување на платите на пратениците и службениците во регулаторните агенции и државни претпријатија, замрзнување на пензиите и воведување кризен данок на платите, пренесе Танјуг.

Министерот за финансии Радое Жугиќ на прес конференција соопшти дека со новиот пакет мерки Владата очекува да заштеди околу 30 милиони евра.

Тој изјави дека кабинетот побарал од парламентот да ги намали платите на пратениците за седум проценти, со колку беа намалени и министерските плати.

Просечната плата на пратеник во Црна Гора изнесува околу 1.300 евра, а просечната плата во земјата е 478 евра.

Жугиќ додаде дека во новиот пакет мерки е предвидено и намалување на платите на администрацијата, на регулаторните агенции и на претпријатијата во кои државата е мнозински сопственик.

Извршните директори во овие претпријатија ќе можат да добиваат најмногу две просечни плати во државата, претседателите на бордови од директори до една плата, а членовите на бордови до 50 проценти од просечната плата.

Владата одлучила да воведе и кризен данок од три процента, со кои ќе се оптоваруваат сите бруто плати над 400 евра. Овој данок ќе важи и за приватните фирми.

Пензиите ќе бидат замрзнати на сегашното ниво, но за пензионерите со најмали пензии се предвидени еднократна помош и помош за решавање на станбените проблеми.

Пакетот мерки за штедење ќе важи целата следна година, а потоа ќе биде направена анализа и Владата ќе одлучи дали да остане во сила или ќе биде повлечен, рече министерот за финансии.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени