06 Декември, 2025
0.0290

ТТК Банка АД Скопје започнува со СЕПА кредитни трансфери – побрзи и поевтини плаќања во евра

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2025 16:23

Добивај вести на Viber

Од 8 октомври 2025 година, ТТК Банка АД Скопје започнува со извршување кредитни трансфери- плаќања преку СЕПА овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи, поедноставни и поевтини трансакции во евра со сите земји членки на СЕПА.

Клиентите на Банката ќе можат да вршат и да примаат плаќања во евра во над 40 земји членки на СЕПА, со истата сигурност и ефикасност како и кај домашните трансфери, без потреба од посреднички банки.

Значајна придобивка се и повеќекратно пониските надоместоци, кои започнуваат од само 3,2 евра за најголемиот број СЕПА кредитни трансфери.

СЕПА кредитните трансфери се извршуваат исклучиво во валутата евро (EUR), кон земји членки на СЕПА регионот и кон банки регистрирани за СЕПА плаќања, со термин за извршување со валута истиот ден до 12:00 часот.

ТТК Банка успешно го заврши процесот на интеграција и се позиционира како втора банка од земјата по подготвеност, впишана во официјалниот СЕПА регистар од 5 октомври, потврдувајќи ја својата стручност и усогласеност со европските стандарди во плаќањата. На 7 октомври Банката ја реализираше првата успешно извршена трансакција во системот, пред официјалниот старт за клиентите.

Со приклучувањето кон СЕПА, ТТК Банка овозможува вистински европски стандард во плаќањата, нудејќи побрз, поевтин и побезбеден начин за трансакции во евра и правејќи значаен чекор во развојот на платежните услуги и нивното усогласување со европските стандарди.

Повеќе информации за СЕПА кредитните трансфери, тарифите и условите се достапни на: www.ttk.com.mk

ПР Објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј