ТТК Банка има добра комбинација! Како добивката достигна 200.000 евра за три месеци?
Објавено во: Економија 04 Мај, 2021
ТТК Банка за првите три месеци годинава успеа да стигне до добивка од безмалку 200.000 евра. Овој одличен финансиски резултат, особено ако се спореди со истиот период лани, односно е за два ипол пати повисок од лани. Овој перформанс се должи на ефектите од редовните приходи на Банката. Oстварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилностa на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период.
Во тековната економска клима и предизвикувачките пазарни услови, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што повторно ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето, како во редовни така и во вонредни услови.
„Во периодот од јануари до март ТТК Банка, приспособувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата од вирусот COVID-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со финансискиот план на Банката за 2021 година.
Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 37,3 милиони денари, како резултат на остварени оперативни приходи во износ од 122,2 милиони денари и оперативни трошоци во износ од 84,9 милиони денари. Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 25,1 милиони денари, стои во извештајот.
ТТК Банка успеа да ги одржи на високо ниво нето приходите од камати. Во споредба со лани тие се пониски за незначајни 2,5 отсто и изнесуваат 1,05 милиони евра за три месеци.
Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.