23 Јуни, 2024
0.1416

Тупанчевски: Колкава е одговорноста ќе утврдат истражните органи, но истрагата нема да застане

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Сите кои се инволвирани во случајот со бегството на затвореникот Беким Мемети се во притовор, но тоа не значи дека тука ќе се застане. 

Ова го истакна Министерот за правда, Никола Тупанчески при неговото гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Според него одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот, и посочи дека е распишана меѓународна потерница за лицето кое е во бегство.

- Реакцијата е иницијална, но тоа не значи дека тука ќе се застане. Овој кривичен настан треба допрва да се истражува. Не треба да бидете стручен експерт од областа на казненото право за да се забележи и види дека станува збор за добро организирана акција каде што има и соодветна реакција од државните органи. На вчерашната седница на Владата беше разрешен директорот на УИС  и се разгледуваа сите варијанти кои би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред неколку месеци, 3 или 4 месеци, беше разрешен претходниот директорот на КПД Идризово од страна на Владата. Но тоа не значи дека тука треба да се застане, едноставно треба да се открие кој се е инволвиран во целата работа - потенцираше  Тупанчески.

Говорејќи за одговорност на други лица, министерот за правда посочи дека не е исклучено и се разгледуваат сите опции за инволвираните во инцидентот. Одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот.

- Колкава е одговорноста, тоа треба да го утврдат истражните органи. Дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го докаже истрагата. Во вакви ситуации ,понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ќе се покаже дали овој тип на кривична пријава ќе се прошири. Но, мора да признаеме дека се ретки  случаите кога имаме ваква општествена реакција - потенцира Тупанчески.

Во однос на именувањето на Јовица Стојановиќ за  в.д.директор на УИС, Тупанчески рече дека  дека се работи за човек кој целиот свој живот се занимавал со оваа дејност. Директорот мора да биде одговорен човек ,личност кој што ќе ја знае својата работа и кој што има сериозно професионално и животно искуство во работите кои се од оваа сфера.

Министерот за правда Никола Тупанчески соопшти дека треба да се иницираат законски измени со цел да се отстранат сите евентуални злоупотреби околу живеалиштето на осудените лица и можноста да ја издржуваат казната затвор во Струга. Можно е да се пропише, година или две да биде последното живеалиште на лицето кое е осудено.

Можеби ќе ве интересира

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство