28 Јуни, 2024
0.0451

Тупанчевски: Претставници на власта избрзаа со изјавите за инцидентот во Охрид

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за правда Никола Тупанчевски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, алудирајќи на министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека некои претставници на власта дале избрзани изјави за инцидентот со секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, во Охрид.

Според Тупанчевски, требало Османи да почека барем да заврши истрагата, пред да дава осудувачи изјави.

-  Да почекаме малку во однос на давање квалификации за немилиот настан во Охрид, сите сме против насилство, но има органи кои се задолжени за тоа. Се уште не е завршена истрагата а излегуваме со квалификации. 

По малку ме изненадува прејудицирањето на нештата, имаше претставници на власта кои избрзаа во давање на изјави дека се работи за завршена работа, а не сме стигнале до судска постапка и затворена истрага. Тоа не е правосилна судска пресуда, треба да се осуди чинот на насилство и до крај да се истражат мотивите и да се извлечат соодветни санкции.

Оф рекорд зборував со министерот Османи, добив појаснување дека тоа било изведено од контекст. Сепак, треба да има акт на апстиненција во однос истрагата, изјави Тупанчевски.

Според министерот, во однос на најавенета посета на групи од Бугарија на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари на годишнината од неговото раѓање, рече дека институциите се подготвени за можна ескалација и дека толеранцијата ќе оди до таму се додека не се „загрози државата“.

- Треба да бидеме подготвени како држава на секаква провокација, но и во тоа да има граници, бидејќи може да има акти против државата. Да не заборавиме дека Бугарија е членка на ЕУ и треба заедно да ги делиме европските вредности. Но на моменти еден ист настан го прикажуваме со различна диоптрија и за овој настан треба да ги браниме националните интереси во однос на она што се нарекува европски стандард, додаде тој.

Тупанчевски е убеден дека институциите ќе бидат максимално подготвени да се справат и да превенираат евентуална ескалација, а тоа пред се Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.

- Секоја активност ќе биде санкционирана на соодветен начин, треба да бидеме подготвени за секакви сценарија. Имаме органи и тела кои се задолжени, разузнавачкиот аспект, Агенција за национална безбедност, Министерството за внатрешни работи е тука. Во таа насока ќе бидеме подготвени уште повеќе 

Во однос на измените на Законот за граѓански здруженија и фондации, тој потсети дека изминуваат роковите за промена на имињата на бугарските клубови.

- Има рокови, направивме корекции во Законот за здруженија и фондации. Роковите полека изминуваат, формирана е комисијата во рамките на Владата и треба да почне да заседава. Откако ќе добиеме  документ дека тие си ја завршиле работата, тогаш Министерството за правда ќе постапи по барањето кое е доставено до нас, подвлече министерот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“