06 Декември, 2025
0.0854

Турци, Украинци и Македонци заинтересирани за гасификацијата на Скопје

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2014 20:49

Добивај вести на Viber

Турската компанија „Аксо енерџи“, како и една украинска и една македонска компанија досега подигнале тендерска документација за учество на тендерот за гасификација на Скопје. Имињата на украинската и на македонската компанија се уште не се откриваат. Сепак, подигањето на тендерската документација е само прва фаза, која не гарантира дека заинтересираните компании конечно ќе аплицираат на тендерот. Конечните пријави треба да се достават најдоцна до 25 мај, а потоа ќе следи подолг период на евалуација на понудите. Гассификацијата е предвидено да се изведува по принципот на јавно-приватно партнерство - фирмата која ќе ја добие концесијата треба да ја изгради мрежата, да ја проектира, финансира и одржува 20 години, а потоа да ја отстапи на државата. Примарната гасоводна мрежа во Скопје треба да биде долга 250 километри и да ги опфати сите скопски општини, а се проценува дека реализацијата на проектот ќе чини 98,4 милиони евра. Изградбата на гасоводот е предвидено да трае од 2015 до 2019 година, со тоа што дел од инфраструктурата би била пуштена за користење веќе во 2016 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија