Турција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2013 12:45
Турција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, што, како што таа стравува, може да ја остави надвор од играта и да попречи на амбициите да стане една од десетте водечки економии во наредната деценија.
Трговијата беше меѓу главните теми на средбата вчера во Вашингтон меѓу американскиот претседател Барак Обама и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер изрази загриженост дека еден ваков договор би можел да и наштети на трговијата на Турција со ЕУ и со САД.
Порано оваа година Ердоган му пиша на Обама за загриженоста од влијанието на проектот врз Турција, која остварува поголем дел од трговијата со Европа, и побара Вашингтон да изработи паралелен и подетален договор со Анкара.
- Сакам да уверам дека додека САД се стремат кон ново трговско и инвестициско партнерство со ЕУ, продолжуваме да ги продлабочуваме економските врски со Турција, рече Обама на заедничка прес-конференција со Обама во Белата куќа.
Турција има царински договор со ЕУ, според кој трети земји кои ќе потпишат трговски договор со ЕУ, автоматски добиваат пристап до турски пазари. Турција, меѓутоа, не е задоволна на истата реципрочна полза за својот извоз.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





