Турција, БиХ и Србија заеднички на светскиот пазар
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2013 13:39
Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан, потпретседателот на српската Влада и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ денеска во Анкара потпишаа Протокол за формирање на троен трговски комитет межу Турција, Србија и БиХ.
- Формирањето на Комитетот е индикатор на нашето пријателство во цел за развој и поттик на соработката меѓу нашите земји, а на секој состанок на Комитетот ќе присуствуваат стопанственици и ќе бидат организирани трилатерални средби поддржани од владите на нашите земји, истакна Чаглајан.
Како што јави Анадолија, турскиот министер наведе дека Турција со своите 250 дипломатски претставништва во светот има и бироа за трговска соработка, а секое од тие бироа им е на располагање на бизнисмените од БиХ и од Србија.
Чаглајан посочи дека е забележан пораст во трговската размена на Турција со БиХ и со Србија. Трговскатра размена со Србија изнесува 588, а со БиХ 366 милиони долари.
Тој посочи дека соработката може да се развива со голема динамика во текстилниот сектор, автомобилската индустрија, прехранбениот сектор и земјоделството.
- Во Србија има 15 турски фирми со 110 милиони долари инвестиции, додека 80 српски компании соработуваат со Турција со вкупни инвестиции од 35 милиони долари. Во БиХ има 12 турски фирми со капитал од 174 милиони долари, а во Турција работаат 60 компании од БиХ со инвестиции од 15 милиони долари. Турските фирми во Србија реализира еден, додека во БиХ реализирааа или се во фаза на реализација 12 проекти со вкупна вредност од 564 милиони долари, наведе Цаглајан.
Српскиот министер Љајиќ изрази задоволство од потпишувањето на договорот и апелираше за поголема активност.
- Потребно е да се дефинираат секторите каде реално можеме да настапуваме на трети пазари и јасно да се нагласат економските гранки каде заеднички можеме да направиме резултат. Заинтересирани сме за помош од Турција на пазарите во Африки и во тој контекст треба да се дефинираат приоритетите, посочи Љајиќ.
Министерот на БиХ Шаровиќ наведе дека најважен чекор да се дефинира акциониот план што ќе биде основа и патоказ на идната работа.
Следната економска трилатерална средба ќе биде во септември во Сараево, каде трите земји ќе ги дефинираат приоритетите за заедничкиот настап.
Во текот на денот ќе има средба меѓу претседателите на Турција, на Србија и на БиХ, Абдула Ѓул, Томислав Николиќ и Небојша Радмановиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





