Добивај вести на Viber
Турскиот парламент започна расправа за закон со кој се забранува рекламирање на алкохолот, а исто така се поставува и ограничување на неговата продажба.
Владата инстистира на тоа дека целта на законот е да се заштитат младите од болести кои со себе ги носи алкохолот, но секуларните странки се спротиставуваат на таа одлука, обвинувајки ги исламистите дека тоа го прават поради верски причини.
Доколку законот помине, ќе биде забранета продажба на алкохол во близина на џамии и училишта, што значи дека илјада локали ќе останат без дозвола за продажба на алкохол.
Исто така ќе биде забрането и рекламирање на алкохолни производи и за тоа се предвидени високи казни.