Турција ќе истражува нафта и гас во близина на Кипар
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2013 11:52
Зелено светло за истражувања на нафта и гас во регионот на Кипар доби Турција по изјавата на турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз, кој нагласи дека тоа може да се случи за три недели, ако премиерот Реџеп Тајип Ердоган даде одобрение.
Танер во интервју за турската приватна телевизија А Хабер истакна дека бродот за сеизмолошки истражувања „Барбарос Хајретин Паша“, кој сега се наоѓа во реонот на турските градови Мерсин, Искендерун и Анталија, може да отплови во ексклузивната економска зона на Кипар.
Турција остро се противи на истражувањата на меѓународно признатата Република Кипар во Средоземното Море, означувајќи ги овие дејствија како незаконски, поради што започна самостојни изпитувања по крајбрежјето на Северен Кипар. Според турската Влада, сите резултати од истражувањата крај осторвот треба да бидат поделени меѓу кипарските Турци и Грци.
Анкара, исто така, ги предупреди меѓународните компании кои работат на истражувањата на нафта и гас во Кипар, дека може во иднина да бидат исклучени од енергетски инвестиции во Турција.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




