18 Декември, 2025
0.0470

Турција ќе се снабдува со ирачката нафта

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2013 11:30

Добивај вести на Viber

Северен Ирак ќе почне да испорачува нафта на Турција во почетокот на 2014 -та година. Тоа го изјавил премиерот на автономната курдска управа во северен Ирак, Нечирван Барзани , пренесе прес-службата на турскиот премиер Ердоган . Нечирван Барзани е во посета на турската престолнина Анкара , на чело на делегацијата од автономниот северен Ирак . Целта на посетата е потпишување на спогодба која вклучува снабдување со нафта и природен гас од енергетските наоѓалишта во северен Ирак . Сега Турција транспортира курдски сурова нафта до Чејхан. А во почетокот на идната година , кога се очекува да биде завршена конечната трасата , дневните количества ќе се зголемат два пати. Според северноирачкиот водич на првата фаза се планира да вадат по 400 илјади барели нафта дневно , за до 2015 -та година количината да достигне до 1 милион барели , а до 2019 -та година да се зголеми двојно . Енергетското пазарење на Турција со автономното северноирачко раководство ја налути владата во Багдад . Премиерот Малики се уште одбива да комуницира со Анкара , иако турскиот премиер Ердоган му упати персонална покана за посета. Од друга страна сепак нафтата и природниот гас ги зближија ирачките Курди со Анкара. Нечирван Барзани денес се предвидува да разговара со Ердоган.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии