Турција: На жените им се препорачува да не се смеат гласно
Објавено во: Свет 29 Јули, 2014 18:53
Вицепремиерот на Турција Булент Аринч изјави дека во Анкара жените не треба гласно да се смеат на јавно место, за да ја сочуваат „моралната чесност и пристојност“.
„Мажот мора да биде морално битие, како и жената. Жената треба да знае што е пристојно, а што не е“, рекол Аринч, на вториот ден од Рамазанскиот бајрам, кој официјално се слави во Турција, иако таа според Уставот е секуларна земја.
Според неговите зборови, жената на смее да се смее гласно пред другите, бидејќи треба да биде пристојна во секоја прилика.Изјавата на Аринч предизвика лавина реакции на социјалните мрежи дека Владата се повеќе „навлегува во приватниот живот на граѓаните“
„Наместо да ни делите лекции за моралот, вратете ни ги украдените пари“ е една од пораките на Твитер со алузија на сомнение за корупцијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговото политичко опкружување.
„Не можам, а да не се изнасмеа на оваа морална лекција“, пишува во друга порака.
Аринч е познат по советите за пристојноста, како што налага -Куранот.
На неговиот совет одговори и противникот на Ердоган на претстојните претседателски избори, Екмелдин Ихсаноглу:„Навистина ни е потребно да го слушаме веселото смеење на жените“, напишал на Твитер.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




