06 Декември, 2025
0.0679

Турција станува кредитор на ММФ?

Објавено во: Балкан 14 Мај, 2013 12:00

Добивај вести на Viber

Последната рата во вторник ја отплатува Турција од кредитот на Меѓународниот монетарен фонд, со што после 52 години од заемопримател станува давател на меѓународна помош, пишува новинската агенција Анатолиа. Турското министерство за финансии денеска треба да отплати 422,1 милиони долари на ММФ со што во целост ќе го врати заемот од оваа финансиска институција, кој вкупно изнесуваше 23,5 милијарди долари. Турција прв пат доби заем од ММФ во 1961 година, а последен пат по средства  до финансиската институција посегна во 2008 година. -На Турција повеќе не и треба финансиска поддршка од ММФ благодарение на својата политичка и економска стабилност и далекусежните реформи кои ги спроведе владеачката Партија на правдата и развојот од кога дојде на власт во 2012 година, изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан. Од 2002 година државниот долг е намален од 78 отсто од БДП на околу 40 отсто, што доведе до намалување на трошоците на задолжување на Турција под цената, што ја плаќаат Русија, Индија и Чиле, држави со повисок кредитен рејтинг. -Во последните четири години имаше многу загуби во светската и европската економија. Европската економија паѓаше, додека турската го зголемуваше извозот ширум светот. Турција ќе ја отплати својата последна рата од кредитот на ММФ и повеќе на таа институција нема да и должи ништо. Ќе ја претвориме нашата држава во земја која ќе му даде свој придонес на ММФ од пет млрд. долари. Се работи за историски пресврт“, рече Чаглајан.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии