06 Декември, 2025
0.5017

Турција во војна со алкохолот

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2013 12:45

Добивај вести на Viber

Во опозицијата ја обвинуваат владата на премиерот Тајип Ердоган дека својата исламистичка програма ја спроведува чекор по чекор.

По пушењето на цигари, владејачката Партија на правда и развој покрена борба против конзумирање на домашниот жесток пијалок ракијата, пивото и виното. Премиерот Таип Ердоган, кој од порано е познат како голем противник на цигарите и алкохолот, на својствен начин ја иницираше оваа кампања.

- Мојот дедо од мали нозе ми зборуваше дека наш национален пијалок е ајранот (јогурт), а не ракијата и пивото – со тие зборови ја најави борбата против овој порок кој во последно време пред се ги загрозува младите.

Во владејачката партија по обичај ја поддржаа идејата на својот неприкосновен лидер и по итна постапка го усвоија законот во кој се предвидуваат многу забрани, иако некои мерки, под притисок на производителите и туристичките работници, делумно се омекнати. Продажбата на алкохол се забранува во текот на ноќта од 22 до 6 часот наутро, кога многу луѓе не се одвојуваат од чашката.

Владата ќе продолжи да ги зголемува даноците т.е. цените, се ограничува рекламирањето на алкохолот, производителите во иднина ќе мора на шишињата и другите пакувања да ставаат етикети со видливо предупредување дека алкохолот е штетен по здравјето. Ако тоа не го направат, нивните производи нема да се појават на пазарот. Продажбата на пијалоци ќе биде забранета во близина на образовни институции и џамии, како и преку телефон, телевизија и интернет. Во рамки на пропагандните кампањи, фирмите нема да можат, како до сега, да даваат на граѓаните алкохолни пијалоци на подарок.

На удар се најдоа и некои популарни ТВ серии и други програми во кои на екраните глумците не се одвојуваат од чашите. Тоа ги поттикнува гледачите да пијат, посебно младите кои се склони да ги имитираат своите идоли. Тие предизвикувачки сцени во иднина ќе бидат цензурирани.

Во новиот закон се предвидени ригорозни казни за тие кои нема да ги почитуваат усвоените параграфи: од 5.000 до 2.000 лири (1 евро е 2.3 лири).

Според статистиката, Турците не важат како народ кој многу пие: годишно во просек околу четири литри по жител. Упатените велат дека тие податоци треба да се примат со резерва, бидејќи многумина пијат криејќи се од јавноста, бидејќи алкохолот е во спротивност со исламот.

- Нашата цел е да го заштитиме општеството, пред се младите кои од мали нозе лесно се оддаваат на пороци на цигари и алкохол. Впрочем, наша уставна обврска е да водиме сметка за здравјето на граѓаните – велат од владејачката Партија на правда и развој.

Во Турција се е политика, па и борбата против алкохолот. Како што можеше да се очекува, секуларистите законот го дочекаа на нож, како потврда дека сегашната влада има исламистичка програма која чекор по чекор ја спроведува во животот. Таа сака да ни пропише се: сега ни одредува што треба да пиеме, утре ќе ни пропише што треба да облекуваме и на крај, што можеме да јадеме.

- Никој не може да биде присилен да пие, но ни да не пие. Тоа е работа на лична одлука. Ова не е борба против штетните последици на алкохолот, туку еден од обидите на општеството повторно да му се неметне исламистичкото верување и стил на живот, вели функционер на водечката опозициска Републиканска народна партија Муса Џам.

Во парламентот посебно на удар се најдоа пратениците од владејачката партија кои го подготвуваа законот. „Тие се однесуваат како султан Мурат Четврти (1623-1640) кој на народот му забрани конзумирање алкохол, а во исто време криѓум пиел, велат во опозицијата.

Во Владата енергиќно ги отфрлија политичките обвинувања и велат дека ќе бидат непопустливи, како и кога во 2009 година го забранија пушењето на јавни места. Благодарејќи на тоа, Турците веќе не пуишат како Турци, како што доскоро се велеше. Во меѓувреме потршувачката на цигари е намалена за 15 проценти. Неодамна на удар се најде и пушењето на традиционалното наргиле, откако експертите утврдија дека и тоа ја загрозува околината.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии