ТУРЦИТЕ МОЖАТ ДА ЗДИВНАТ: Инфлацијата се намали
Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 16:47
Инфлацијата во Турција во август се намали на 52 отсто. На инфлацијата во август најмногу влијаеле повисоките цени на образованието, недвижностите и услугите во хотелите и рестораните, резимира француската новинска агенција АФП.
Годишната инфлација дополнително се намали во август и сега изнесува 52 отсто по 61,8 отсто во јули. Ова го покажуваат официјалните податоци. Во август цените на производите за широка потрошувачка пораснале за 2,5 отсто.
Во октомври 2022 година, годишната стапка на инфлација во Турција достигна 85 проценти. Во јуни минатата година се намали на 38,2 отсто, но потоа повторно забрза. Во мај годинава инфлацијата изнесуваше 75 отсто, но во јуни повторно почна да се намалува. .
Турската влада во јули годинава поради борбата против инфлацијата не ја зголеми минималната плата, која изнесува околу 450 евра, откако претходните две години работеше на тој чекор.
И турската валута лирата низ годините имаше пад на вредноста.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




