28 Септември, 2024
0.0234

ТУРИСТИ: Некој ги моли, друг не ги сака!

Објавено во: Анализа 31 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Хонг Конг може да ги ограничи туристичките посети, а причината за тоа е дека приливот на кинески посетители го подгрева незадоволството на локалните. Најверојатно регионот ќе треба да преземе мерки за намалување на туристите, а темата е веќе широко дискутирана. Јавното незадоволство во Хонгконг доведе до улични протести, додека туристите кои пристигнуваат од Кина почнаа активно да купуваат станови, дизајнерски чанти и секакви други стоки и услуги. Проблемот е дека ограничувањето на туристите ќе биде проблем за трговците на мало во Хонг Конг, бидејќи една третина од нивната продажба во 2013 година дошла токму од страна на кинеските посетители. "Тоа може да испрати погрешен сигнал до луѓето во Кина дека Хонг Конг веќе не сака да ги пречекува", изјави Рејмонд Јенг, виш економист во Australia & New Zealand Banking Group. Според него ако владата одлучи да наметне квота за посетителите од копното, одлуката ќе се рефлектира не само врз секторот на услугите. Трговците на мало во Хонг Конг се спротивставија на предлогот за наметнување ограничувања. Тие тврдат дека тоа ќе ја наруши политиката за слободен пазар и ќе ги загрози повеќе од 267 илјади работни места во областа на трговијата на мало. "Владата треба да ги прошири трговските површини, да изгради поголема инфраструктура, како и да ги зголеми туристичките атракции", тврдат од Hong Kong Retail Management Association. Демонстрантите одржаа паради во Хонгконг претходно оваа година, инсистирајќи владата да го ограничи бројот на посетителите од континентална Кина, кои претставуваат 75 проценти од сите туристи кои го посетиле градот во 2013 година. Во последната година посетите во Хонг Конг се зголемија за 12 отсто, а тоа е четврта година по ред на двоцифрен пораст. За трговците на мало и земјопоседниците тоа значи повеќе приходи. Туристите од копното на Кина се одговорни за 34 отсто од продажбата на мало за минатата година, покажа истражувањето на Merril Lynch & Co. Ако владата ги ограничи посетителите сега, тоа ќе влијае негативно на пазарот на мало во Хонгконг, кој освен тоа не ужива многу добри резултати оваа година, наведува Вонг Уаи Шеунг, претседател на компанијата за накит Luk Fook. Според него, ако тоа се случи, за голем дел од трговците на мало ќе е тешко да се преживее. Претходно оваа година, владата посочи дека во 2017 година, годишниот број на посетители на Хонг Конг ќе достигне 70 милиони луѓе. Во 2011 година туризмот сочинувал 4,5 % од економијата на градот. Продажбата на мало во Хонг Конг порасна 6,8 % во последниот квартал на 2013 година, а тоа е бавното темпо на раст од кварталот меѓу јули и септември 2012 година. Продажбата на накит, часовници и скапи подароци се намалија за 8,9 % во март во однос на март минатата година. K.K.