28 Декември, 2024
0.0353

Туристички зони: Хотели ќе никнуваат како печурки!

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Инвеститорите во туристичките развојни зони, кои Владата ги исцрта околу Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, ќе добиваат даночни поволности слични на оние што ги добиваат странските инвеститори во слободните економски зони. Олеснувањата предвидуваат инвеститорите во туристичките зони 10 години да не плаќаат персонален данок на доход, да не плаќаат данок на градежни материјали, а да добиваат државна помош за обуки и усовршување на вработените, за преземање права за франшиза за ланец на хотели, за отварање на работни места и сл. Државна помош од најмалку 25% од оправданите инвестициски трошоци може да добие корисник на зона, додека трошоците за почетната инвестиција преку државна помош може да бидат покриени со над 50 милиони евра. Ова е предвидено во законот за туристички развојни зони кој денеска е на второ читање на Комисијата за економски прашања. Опозицијата реагираше дека со законот, државата им го зема најатрактивното земјиште на општините за да им го продава по багателни цени и услови, а со специјалните даночни олеснувања создава нелојална конкуренција на веќе постоечките хотели во тие региони. “Законот е направен така што Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе има ексклузивно право да носи урбанистичка документација, да прогласува туристичка зона. Локалната власт ќе нема никакво право на одлучување, а ќе има обврска да изгради инфраструктура. Значи, ќе прави трошоци а ќе нема приходи оти овој закон предвидува парите собрани од продажба на земјиштето во туристичката зона, да биде приход на Агенцијата“, вели Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ и член на Комисијата за економски прашања. Комисијата го усвои амандманот на опозицијата, и локалната самоуправа да може да дава свое мислење околу функционирањето на туристичките зони, но амандманот предвидува мислењето на општините да не биде обврзувачко. Инаку, Законот предвидува, околу Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро да се формираат одредени поголеми локации од повеќе хектари кои ќе бидат наменети за изградба на хотели и други рекреативни содржини поврзани со хотелиерство. Локациите ќе се нудат како цели зони, а подоцна, ако не успее продажбата, ќе се оди парцијално за изградба на хотели. Зоните можат да бидат управувани од домашни и странски правни лица а надзорот во работењето на овие зони ќе го врши Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Дел од пратениците коментираат дека всушност законот се носи по нарачка на индискиот милијардер Субрата Рој кој пројави интерес да гради во Охридскиот регион. Според пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, зоните значително ќе го развијат туризмот во земјата а ќе ги направат туристичките места конкурентни на светскиот пазар Соња Јованова

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВААТ И НОВОГОДИШНИТЕ АРАНЖМАНИ - инфлацијата удри врз туристичкоугостителскиот сектор, што може да очекуваме?

ПОСКАПУВААТ И НОВОГОДИШНИТЕ АРАНЖМАНИ - инфлацијата удри врз туристичкоугостителскиот сектор, што може да очекуваме?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ЗА РИМАЦ ДА ЈА ПРОДАДЕ КОМПАНИЈАТА? „Порше“ го преземе мнозинскиот удел, што се крие зад овој потег?

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ТРАМП ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК - му се закачија моќниците, сакаат безмилосно да удира, нема прошка за ова?!

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ПРОМЕНИ ВО БЕЛГИЈА: Во пензија ќе се оди со 66 години

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

„ГОЛЕМИТЕ“ СО „ГОЛЕМИТЕ“ - во следните три години „Макпетрол“ ќе набавува нафтени деривати од ОКТА

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

СРБИТЕ ЗАРАБОТУВААТ 157 ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД НАС: Македонија на дното со платите

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница