ТУРИЗАМ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Колкав пад има во Македонија?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020
Огромен пад на бројот на туристи во Македонија има во изминатиов период.
Како што објави Државниот завод за статистика, дури за 99,1 отсто е намален бројот на туристи во април за разлика од истиот период минатата година.
Бројот на домашните туристи во април 2020 година во споредба со април 2019 година е намален за 97,7 отсто.
Бројот на странските туристи паднал дури за 99,7 отсто.
Бројот на посетители во април годинава изнесува 741, а бројот на ноќевања е 4.690. Од нив 112 го посетиле Скопје, 97 биле на бања, 335 на езерата во Македонија, а 197 на другите места.
Од странство имало 171 турист, најмногу од Унгарија (60), Австрија (23) и Полска (21).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.