Туризмот ќе колабира: Луѓето сакаат на летување но…
Објавено во: Економија 23 Март, 2016 11:26
Британската туристичко-патничка агенција „Томас Кук“ предвидува дека фирмите од браншата ќе продолжат да се соочуваат со „нестабилно пазарно опкружување“.
Исто така, клиентите ќе ги избегнуваат потенцијално немирните дестинации и ќе одолговлекуваат со изборот на места за одмор.
Оваа компанија известила за раст на побарувачката за шпански туристички места откако презела „правовремени акции“ за повлекување на летови од Турција, Тунис и Египет, пренесува британскиот јавен сервис БиБиСи.
Од агенциите наведуваат дека продале повеќе аранжмани за далечните дестинации како што се САД и Куба, и дека веруваат дека ќе остварат подобри бизнис резултати отколку што планирале.
Според најновиот извештај за промет, „Томас Кук“ овогодишната зимска сезона ја заврши во согласност со очекувањата, со продадени 90 одсто од аранжманите, што е два одсто помалку отколку во истиот период во 2015.
Просечните цени пораснале за два одсто, додека вкупните резервации се намалени за три проценти во однос на годината претходно.
За летната сезона во 2016 се продадени 40 одсто од програмите, при што, како што наведуваат од компанијата, „бројот на резервации е помал од лани, иако повторно им дале приоритет на маржите во однос на обемот (на продажба).
„Томас Кук“ и понатаму работи во нестабилно пазарно опкружување. Знаеме дека купувачите сакаат да одат на летување, но забележуваме дека некои ги одложуваат резервациите за подоцна во текот на годината, бидејќи сакаат да размислат за сите опции“, изјавил генералниот директор Питер Франкхаузер, наведува БиБиСи.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




