19 Декември, 2025
0.0551

ТУРИЗМОТ ВО ГРЦИЈА ГИ СОБОРИ СИТЕ РЕКОРДИ: Ќе се слеат милијарди, се отвораат 17.000 работни места

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2023 08:33

Добивај вести на Viber

Светскиот совет за патувања објави дека туристичкиот сектор во Грција ќе се приближи до нивото пред пандемијата оваа година. Очекувано, од туризмот во буџетот треба да се слеат 39,2 милијарди евра, а само годинава ќе се отворат 17.000 работни места, што е повеќе од 2019 година. Исто така, интересно е да се забележи дека туристичкиот сектор обнови 82 отсто од работните места што беа изгубени за време на пандемијата.

Главни пазари за Грците се Велика Британија, Германија и Бугарија.Овие три земји сочинуваат 14 отсто од меѓународните посетители на Грција. Инаку, податоците од европската статистика на Статиста покажуваат дека лани и покрај значителниот годишен раст, бројот на пристигнувања на патници во Грција бил под нивото пред пандемијата и изнесувал околу 30 милиони гости. Извештајот на Светскиот совет за патувања покажува дека во 2022 година е зголемена и потрошувачката на странски гости, што придонело за националниот буџет со 19,1 милијарди евра, што е годишен раст од над 56 отсто.

Грција и годинава е една од најпопуларните дестинации во Европа, а доколку продолжи овој тренд, туризмот на земјата до 2033 година треба да го зголеми учеството во БДП на 57 милијарди евра, што е речиси четвртина. Инаку, охрабрувачки се и прогнозите за вработување, па се наведува дека во наредната деценија туристичкиот сектор треба да вработи повеќе од милион луѓе низ Грција.

Се очекува туристичкиот сектор целосно да закрепне до крајот на следната година. Според туристите, оваа сезона во најпопуларната европска дестинација цените се повисоки од лани. Цените за сместување во хотели се во просек 53 евра, хотелите со три ѕвезди чинат 74, а хотелите со пет ѕвезди чинат и до 300 евра од ноќ. Статистиката покажува дека автобускиот превоз чини 1,20 евра, rent a car е 123 евра дневно за стандардни автомобили и повеќе од 200 евра за луксузни автомобили. Возењето со такси е едно евро по километар, а за еден час чекање наплаќаат 12 евра. Просечен ручек во ресторан чини околу педесет евра за двајца, а оброците во поевтините ресторани се од шест до 20 евра.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии