Туризмот во Грција бележи рекорди во првото полугодие
Објавено во: Балкан 24 Август, 2015 13:22
Земјата е посетена од над 7,5 милиони луѓе уште пред почетокот на активната летна сезона.
Кризата во Грција не ги одбива туристите да го поминат својот одмор во земјата, покажуваат последните податоци на статистиката, пишува грчки „Катимерини“.
Во првите шест месеци од годинава, односно уште пред почетокот на активната сезона, земјата е посетена од рекордни 7,56 милиони туристи, што претставува раст од 20,8 отсто.
Главната причина за тоа се крие во зголемениот број туристи од САД, Германија и Велика Британија. Американците кои ја посетиле Грција, се за 41,6% повеќе во однос на истиот период минатата година. Германците пак се зголемуваат за 23,5 отсто. Во исто време, секторот забележа пад на руските туристи за 60,6%.
Приходите од престојот на граѓаните на САД во Грција се зголемуваат за речиси 33%, а од Велика Британија - за 30%. Приходите од руските туристи се намалуваат за 63 отсто, покажува уште статистиката.
Од грчката Асоцијација на туристички претприемачи (SETE) коментираат дека интересот за земјата е предизвикан од конкурентните цени спрема главни светски дестинации, како и од поевтините евра спрема другите валути, што ги привлекува граѓаните на земјите надвор од еврозоната.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




