20 Декември, 2025
0.0527

Туризмот во Грција цвета

Објавено во: Балкан 12 Август, 2015 09:51

Добивај вести на Viber

Туристичката индустрија во Грција достигна раст во седумте месеци од годинава, спротивно на негативните прогнози на меѓународните туроператори поради стравувањата за сериозни последици врз индустријата од референдумот и од наметнатата контрола врз движењето на капитал во земјата, објавија MPA. Според податоците на Унијата на грчките туристички агенции за седумте месеци од годинава туристичкиот поток во Грција се зголеми за 6,5 отсто во споредба со истиот период минатата година, што значи дека 529.905 туристи повеќе пристигнале преку воздух во земјата. За седум месеци од годината Грција била посетена преку воздух од 8 695 269 туристи наспрема 8 165 364 туристи за истиот период минатата година. Грчките туроператори се убедени дека обложената од нив првична цел во почетокот на 2015 година за рекорден број од 25 милиони туристи е реален, и дека нивниот број ќе биде со еден милион повеќе во споредба со 2014 година. Министерот за финансии Евклид Цакалотос веќе објави дека е постигнат договор со меѓународните кредитори. Европската комисија, меѓутоа, прецизира дека има само "договор во принцип на техничка основа" и дека политичкото одобрување допрва доаѓа. Претходно стана јасно дека Грција и кредиторите се согласија за буџетските вишоци кои земјата треба да ги постигне. Атина треба да постигне наредната година примарен суфицит од 0,5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП). Обработка: К.К. Извор: MPA

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација