ТУРСКАТА ШАХТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - објектот ќе надминува 13 илјади квадратни метри, еве ги деталите
Објавено во: Економија 17 Мај, 2025 08:08
Нова инвестиција денеска ќе започне да се гради во ТИРЗ Скопје кадешто согласно најавите траба да биде поставен камен темелник на фабриката на турската компанија „Шахтерм“. На почетокот на изградбата на објектот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.
Според потпишаниот договор меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата е 100 милиони евра.
Предвидена е изградба на објект со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање 1.000 работни места. Инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.
Компанијата „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство.
Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.
Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




