Tурски бизнисмени сакаат да градат фабрика за земјоделски машини во Битола
Објавено во: Агробизнис
14 Февруари, 2013 16:28
Добивај вести на Viber
Компанијата „Хисарлар“ од турскиот град Ескишехир е заинтересирана да инвестира во фабрика во Битола каде ќе започнат со производство на специфично фозило „Турккар“ за различни намени. Како што информираат од кабинетот на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, на средбата со општинските власти, турските бизнисмени ги презентирале своите инвестициски планови
„Јас сум генерален директор на една турска фабрика која вработува 800. Произведуваме земјоделски машини и едно уникатно теренско возило. Подготвени сме да соработуваме со бизнисмени и општини од Македонија затоа што произведуваме возила што им се потребни на општините. Нашата фирма е со традиција и верувам дека оваа посета која ќе вроди со економска соработка“, истакна Фазли Туркер генерален директор компанијата „Хисарлар“ од турскиот град Ескишехир.
На средбата во кабинетот на битолскиот градоначалник присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Горан Тасковски кој најави средби на бизнисмените од Турција и со градоначалниците на Могила и Новаци.
„Убеден сум дека оваа делегација е една од најсериозните турски делегации кои благодарение на амбасадорот во изминатиот период ја посетија нашата општина. Во првата фаза целта е да се направи фабрика во Битола во која што ќе се монтираат деловите на ова возило, а доколку има интерес и продажбата се движи според предвиденото во следната фаза се очекува да се направи фабрика што ќе произведува такви возила“, посочи градоначалникот Владимир Талески.
Турската делегација во Битола беше информирана за условите за инвестирање во општината, условите што ги дава Владата на Република Македонија, како и можностите на индустриската зона „Жабени
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?