20 Декември, 2025
0.0879

Турски бизнисмени во Македонија, бараат пазар за инвестиции

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013 19:55

Добивај вести на Viber

Турски бизнисмени дојдоа во Македонија за да видат какви можности за инвестиции се нудат во земјава. Претставниците на 23 турски компании кои дојдеоа од Бергама, развиен индустриски и земјоделски регион во Турција, се сретнаа со македонските колеги за да видат што може да се направи во секторите како градежништво, фармација, живинарство, угостителство, трговија. „Македонските можности за инвестирање за странските инвеститори се многу привлечни. Не станува збор само за инвестирање, туку потребен е и соодветен пазар за инвестицијата што ќе се направи. Ако бизнисмените увидат дека нема никаков проблем со пазарот, тогаш нема никаква причина да не се инвестира тука“, изјави Фикрет Урер, претседател на Стопанската комора на Бергама. Според него има подобрување во бизнис климата во земјава последната деценија, а поради добрите врски верува дека полесно им е да соработуваат со Македонија отколку со други држави, Македонските претставници пак посочија дека има потенцијали за соработка во повеќе области и е неопходно да се работи на намалување на трговскиот дефицит на македонска страна. „Трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува околу 400 милиони долари, при што македонскиот извоз на турскиот пазар изнесува 80 милиони долари, а увозот на турски производи 320 милиони долари. Сојузот на стопански комори смета дека тоа мора да го промениме и затоа инсистираме на средби со турски бизнисмени, како денешната со Стопанската комора на Бергама, развиен индустриски и земјоделски регион, со кој сметаме дека може да се остварат конкретни директни соработки не само за македонските компании, туку и за турските“, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација