Турски граѓани од други европски држави се враќаат во родната земја
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2013
Тенденцијата на миграција на турски граѓани во Европа почната во 60-те години од минатиот век, сега е обратна – меѓу 2009 и 2011 година речиси 100.000 Турци кои живееле во Германија се вратиле во Турција.
– Бројот на оние кои се вратиле во Турција е поголем од оние кои емигрирале во Германија, изјави турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.
Тој додава дека истата ситуација е регистрирана и во други европски држави и потенцира дека економската криза во Европа е фактор што ја засега таа тенденција.
– Политичката, економската и административната стабилност како и постоењето промени во секоја сфера во Турција исто така се фактори кои придонесуваат за таа тенденција, додава Боздаг.