24 Ноември, 2024
0.0328

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

Објавено во: Економија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Како ќе се одвиваат преговорите меѓу хрватската власт и турскиот мнозински сопственик на „Петрокемија Јилдирим“ по проблематичната докапитализација се уште не се знае, но претставниците на двајцата главни акционери наскоро ќе се сретнат во Кутина на Генералното собрание, пренесува Пословни.хр.

Инаку, турскиот гигант Јилдирим нашата јавност го запозна откако го купи имотот на македонскиот комбинат Еуроникел Индустри, поранешен ФЕНИ, од Комерцијална банка која го доби како резултат на ненаплатени побарувања од неговите поранешни сопственици.

Раководството на Петрокемија Хрватска го свика Собранието за 7 август, со дневен ред да се усвои годишниот извештај за 2023 година. Тоа секако не значи дека во последен момент нема да се додадат други предлози, а според неофицијални информации, разговорите за нови сопственички односи сè уште не напредувале, дури и не е веројатно дека на тоа Собрание ќе се расправа за можни решенија за комплицираното прашање околу зголемувањето на основната главнина и промените во сопственичките односи.

Но, иако Министерството за економија и Владата уверуваат дека процесот на докапитализација на Петрокемија не е завршен, а тоа го потврдува и фактот што промената на основната главнина се уште не е заведена во судскиот регистар, од годишниот финансиски извештај за работењето на претпријатието, може да се добие поинаква претстава. 

Сите четворица членови на Управниот одбор на Јилдирим - претседателот Али Одабаш и Фарук Озкиса, Ерман Акман и Огуз Бали - го наведуваат спротивното.

Значително намален приход

„Во моментот на пишување на овој извештај, процесот на докапитализација беше успешно завршен со исплата на 128,9 милиони евра на име зголемување на основната главнина и уплатени 3,5 милиони евра во капитални резерви, а оваа трансакција обезбеди одржливост на деловното работење во нестабилни услови“, посочуваат од Менаџментот и додаваат дека Петрокемија „продолжува да спроведува силни мерки и активности насочени кон оптимизирање на работењето преку блок режимот на работа (комбинација на производство и увоз на вештачки ѓубрива преку алтернативни патишта) и снабдување на преостанатата, главно домашна побарувачка со сопствено производство и делумно со увоз, во зависност од економската исплатливост во секој момент“.

Со ваквиот заклучок сигурно нема да бидат задоволни ниту во Владата, ниту во се погласната политичка опозиција која почнува да го поставува прашањето за резултатите од докапитализацијата со која наместо да го задржи контролниот пакет, државата Хрватска се лизна на удел од едвај 20 отсто, а тоа особено ќе ги вознемири вработените во Кутина, пишува Пословни.хр.

Веќе започнаа разговори меѓу синдикатот и советот на работниците со раководството, бидејќи, спротивно на наводите во финансискиот извештај, Петрокемија се уште не произведува или врши други операции со интензитет што ќе обезбеди стабилно работење. Платите допрва доаѓаат, се почитува дури и колективниот договор кој годинава обезбеди значително зголемување на приходите, но без да се стартува комбинатот и работниците се свесни дека нивната иднина не е светла.

Повеќе детали на Пословни.хр

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна