„Турски поток“: Многу ветувања и нереални бројки
Објавено во: Анализа 13 Март, 2015 10:01
Стравувањата на Турција од преголема зависност од руските енергетски ресурси и претстојните избори во земјата значат дека плановите на Русија за нов гасовод до Југоисточна Европа е малку веројатно да се понапред толку брзо како што би се сакала Москва, тврдат високи турски претставници.
По приговорите на Европската унија, Русија го напушти во декември проектот "Јужен поток" во вредност од 40 милијарди долари, кој требаше да помине под Црното Море до Бугарија и да пренесува до 63 милијарди кубни метри гас годишно за Европа.
Наместо тоа руската гасна компанија "Газпром" објави во јануари дека планира да изгради подводен гасовод со ист капацитет до уште непостроен центар на турско-грчката граница до крајот на 2016 година.
Високи државни функционери во Анкара сепак коментираат дека временската рамка за проектот познат неофицијално како "Турски поток", е нереална.
"Прашањето не е само за " Турски поток ", станува збор за целиот пакет за енергетските потреби на Турција. Треба да бидеме малку трпеливи ", вели министерот за енергетика на Турција Танер Јилдиз.
Турција веќе е силно зависна од природниот гас од Русија. Минатата година земјата купила 27,33 милијарди. кубни метри гас преку "Син поток" и цевките "Запад-Исток" од Русија, што е повеќе од половина од нејзиниот увоз на гас.
Освен тоа руската државна компанија "Росатом" ја гради првата нуклеарна централа во Турција.
"Русија има голема желба, но многу е веројатно тој (" Турски поток ") да биде одложен барем до 2017 година", истакнува претставник на индустријата, и обрнува внимание на долготрајните проценки за влијанието врз животната средина, особено пред претстојните општи избори во земјата во јуни.
Друг претставник на владата вели дека преговорите за цената на гасот од Русија се исто така фактор. Турција обезбеди намалување на цената од 10,25% во февруари, но инсистира на уште.
До 2017 година се очекува побарувачката за гас во Турција да ги надмине сегашните договорени количини на увоз. Испораките од северен Ирак кои се една алтернатива, ќе стартуваат пред 2018 година, што не и остава друг избор на Анкара, освен да купува повеќе гас од Русија.
Постојат и политички проблеми.
Според западен дипломат во Анкара прашањата околу "Турски поток" се прилично спорни меѓу Брисел и Москва за влијание над Турција.
"Луѓето се повеќе сфаќаат дека Русија е изгубена кауза и дека треба да најдеме повеќе сојузници на исток и југ. Турција е број еден ", коментира дипломатот, кој останал анонимен. "Русија ја вовлекува Турција во орбитата и ако тоа не биде запрено сега, може да стане премногу доцна."
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





