06 Октомври, 2024
0.0392

„Турски поток“: Русија и Грција потпишаа меморандум за продолжување на проектот

Објавено во: Балкан, Економија 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Министерот за енергетика на Русија, Александар Новак и министерот за индустриската реформа, животната средина и енергетика на Грција, Панајотис Лафазанис имаат потпишано меморандум за соработка во областа на градежништвото и експлоатацијата на гасоводот, кој се предвидува да е продолжение на „Турски поток“.

„Потпишувањето на меморандумот е потврда за многомесечната работа која ја извршивме за да го поминеме гасоводот преку територијата на Грција. Овој гасовод ... ќе игра стабилизирачка улога во регионот. Проектот не е насочен против никого, токму спротивното - ги обединува сите региони низ кои поминува“, истакнал Лафазанис на средба со Новак пред потпишувањето на документот.

Од своја страна министерот за енергетика на Русија изјавил дека е задоволен од можноста за придвижувањето напред за спроведувањето на плановите во областа на енергетиката и истакнал дека со потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Русија и Грција се „оди на ново ниво“.

„Турски поток“ вклучува изградба на гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри гас од Русија кон Турција по дното на Црното Море. Должината на гасоводот е околу 1100 км. Како на турско-грчката граница треба да снабдува 47 милијарди кубни метри од 63-те милијарди кубни метри гас.

Се очекува на границата меѓу Турција и Грција да биде создаден гасен центар, од кој земјите од ЕУ ќе набавуваат гас.

Сега е јасно дека Русија ќе го финансира како аванс продолжението на „Турски поток“, а потоа грчката страна ќе ги враќа парите.

Во исто време од „Газпром“ најавија дека има зголемен интерес од странски компании да се вклучат и кон планираното проширување на „Северен поток“, кој ја поврзува Русија и Германија во Балтичко Море, како и неговиот капацитет се предвидува да е сличен на оној на „ Турски поток“, што го става под прашање неговото реализирање, бидејќи според набљудувачите и многу официјални лица на Запад главната цел на Русија со овие проекти е избегнување на транзитот преку Украина.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути