19 Декември, 2025
0.0856

Турски „Суташ“ во соработка со „Пекабеско”

Објавено во: Економија 15 Април, 2013 10:19

Добивај вести на Viber

Долгорочен договор потпишаа водечките компании во бизнисот со сувомеснати и млечни производи и дистрибуција од Македонија и Турција, „Пекабеско" и „Балканска млекара". Според договорот, во следните пет години, „Балканска млекара" - наследникот на поранешниот „Сведмилк",ќе ја користи дистрибутивната мрежа на компанијата „Пекабеско". -Задоволни сме од постигнатиот договор, како и од довербата која најголемата турска млекара „Суташ" ја има кон нашата компанија. Уште еднаш покажавме дека Пекабеско е водечки бренд не само во месната и сувомесна индустрија, туку и во дистрибутивната и логистичката дејност во Македонија. Балканска млекара е најновата во низата на регионални и светски компании и брендови кои ги користат диструбутивно - логистичките услуги на нашата компанија и ни ја даваат својата доверба", изјави првиот извршен директор на „Пекабеско", Слободан Кутревски. Како што најави генералниот менаџер на „Суташ" за Македонија, Али Мусвик Созер, „Балканска млекара" ќе започне со работа во мај оваа година. Капацитетот на оваа млекара е 180 тони млеко дневно, а досегашната инвестиција во нашата земја од 10 милиони евра обезбеди 50 нови вработувања. Оттаму, најавуваат дополнителна инвестиција од пет милиони евра до крајот на годината, а бројот на вработувањата да достигне до 200. Инаку, „Пекабеско" располага со дистрибутивна мрежа која се состои од повеќе од 40 возила и над 50 вработени само во дистрибутивно логистичкиот сектор. Компанијата располага и со 4000 m2 складишен простор и магацини, а секојдневно врши дистрибуција за десетици домашни и меѓународни компании, односно повеќе од 270 различни производи. „Суташ" е седум години водечки бренд во млечната индустрија во Турција. Вработува 4.000 лица, а има 750 милиони литри производство и 69 производи во шест категории. Минатата година, Суташ ја купи „Сведмилк".

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд