„Турски тек“ - која е цената на упорноста?
Објавено во: Анализа 17 Октомври, 2016 19:37
Русија ја прњдава контролата над извозот на гасот во јужен правец на својот неодамнешен непријател и член на НАТО - Турција, пишува во својот коментар експертот Михаил Крутихин од Московскиот центар „Карнеги“. А Анкара дури не е на страната на Русија во однос на воените дејствија во Сирија.
Но ако проектот биде спроведен - односно „ако“, посочува уште експертот, тогаш „Газпром“ ќе даде значаен дел од својот извоз, кој го спроведува денес преку Украина, на Турција. Транзитот во украинската територија, сепак е релативно евтин, а во Турција рускиот гас ќе се соочи со директна конкуренција на гас од Азербејџан, Иран и Ирак.
Во Турција е во тек изградбата на TANAP - дел од Јужниот гасен коридор, по кој ќе биде доставен гас од Азербејџан во Европа. Наскоро во земјата ќе потече гас од Иран и Ирак (Курдистан), а во иднина се дискутира и транзит од Туркменистан и дури Израел.
Патиштата на овие конкуренти ќе бидат пократки - „Газпром“ ќе испорачува гас од Јамал, односно преку територијата на цела Русија до Црното Море, а изградбата на гасоводите - поевтино, коментира уште експертот. Истовремено пазарот на гас во Јужна Европа не е голем и не ветува и значителен раст. Затоа и конкуренцијата ветува дека ќе биде силна и „Газпром“ ќе треба да биде подготвен да го продаде со големи попусти, кои нема да ги оправдаат трошоците за екстракција и транзитот на гасот.
Уште во 1997 година рускиот гигант ги објави плановите за изградба на „Северен тек“ и на „Јужен тек“ - односно во Балтичкото и Црното Море, но двата проекта не требаше да го ограничат обемот на транзитот преку Украина. Сега официјално новата задача на овие траси е да биде заокружен Киев, како и да се остави земјата без транзит и така да го казни лошиот сосед, лишувајќи ја од околу 2 милијарди долари приходи од транзитни такси.
Крутихин наведува уште во неговата анализа и дека Русија ја определува Украина како држава со значаен политички и технички ризик за испораките на руски гас за Европа.
Во контекст на ова, одлуката за изградба на „Турски тек“ се чини политичка, а реализацијата на проектот се совпаѓа со интересите на блиски пријатели на рускиот претседател. Токму на нив им беа дадени договори за извршување, поврзани со изградбата на компресорската станица на територијата на Русија за реализација на „Јужен тек“ и „Северен тек“.
- Тие демонстрираа вештини за надувување на сметките - просечната цена на еден километар од делницата „Гразовец - Виборг“ достигна до 4,8 милиони долари, што е три пати повеќе од трошоците за слични проекти во други земји, посочува уште Михаил Крутихин.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





