19 Декември, 2025
0.0620

Турските бизнисмени го отвараат патот на македонските компании на пазарот во Туркменистан

Објавено во: Економија 06 Март, 2013 10:38

Добивај вести на Viber

Македонски и турски компании заеднички ќе настапат на претстојните саемски манифестации од областа на градежништвото, нафтата и гасот што ќе бидат организирани во Туркменистан. Со ова  деловните контакти со труските бизнисмени на македонските компании  им го отвора пазарот во Туркменистан, информираат од Стопанската комора на Македонија. Ова е потврдено на Меѓународен инвестициски форум што завршува денеска, а на кој учествува претставник од Стопанската комора на Македонија. Со ова и практично се спроведува договорот со Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) и Одборот за надворешно-трговска соработка на Турција (ДЕИК) постигнат неодамна во Истанбул, за заеднички настап на македонски и турски компании на трети пазари. На форумот, Биљана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора се сретна со Елмира Рахманова, раководител за меѓународна соработка во Трговско-индустриската комора на Туркменистан. Разговара за воспоставување соработка меѓу двете репрезентативни деловни асоцијации. Форумот го организираат Туркменистанската трговско-индустриска комора, ТОББ и ДЕИК – Турско-туркменистанскиот деловен совет. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Туркменистан во  2012 година достигнала  вредност од 2,3 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 64 илјади американски долари, додека увозното салдо изнесува 2,2 милиони долари. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 2,1 милиони долари. Споредувајќи ја трговската размена во 2012 година, евидентиран е пад кај сите параметри. Вкупната размена оствари пад од 44,3 отсто, извозот од 49,2 процента, а увозот бележи намалување од 44,1 отсто. Во структурата на производите во билатералната размена евидентиран е само увоз на памучно предиво во износ од 2,1 милиони долари. Во 2011 година увозот на памучно предиво изнесува 4 милиони долари. Туркменистан во последните 5 години има раст на БДП од околу 11 проценти и буџет од 70 милијарди американски долари за нови инвестиции до 2016 година од кои 17 се веќе планирани за 2013 година. Туркменистан како четврта најбогата земја во светот со природен гас, е една од главните трговски партнери на Турција и евроазискиот регион. Денеска соработката меѓу двете земји се одвива во неколку полиња, првенствено во стратешко партнерство во меѓународната политика и економија, потоа во градежништвото, енергетиката, текстилот, туризмот, трговијата и едукацијата. Според министерот за развој на Туркменистан, Џевдет Јилмаз, инвестициите во инфраструктурата во наредниот период ќе бидат и натаму приоритетни затоа што благодарејќи на нив досега земјата успеа во краток рок целосно да се обнови и да доживее економски раст. Транспортот до сега беше една од главните пречки за поголема економска интеграција на двете земји. Но, постои голем простор за унапредување на состојбите, посебно во делот за барањата за визи, царинските формалности и даноците. Се очекува дел од овие проблеми да биде надминати по завршување на преговорите и влез на Туркменистан како членка на Светската трговска организација.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар