17 Декември, 2025
0.0788

Турските граѓани првпат бираат претседател, Ердоган е фаворит

Објавено во: Балкан 10 Август, 2014 11:04

Добивај вести на Viber

Турските граѓани денеска гласаат на претседателски избори, а како фаворит да ја преземе претседателската функција се истакнува досегашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Станува збор за први директни претседателски избори во Турција, на кои граѓаните за првпат ќе гласаат за изборот на шеф на државата. Досега од 1923 година овој избор го правеше турскиот Парламент. Право на глас на денешните избори имаат вкупно околу 52,9 милиони турски граѓани. На изборите има тројца кандидати - покрај Ердоган, во трка се и некогашниот челник на Организацијата исламска конференција и заеднички претставник на опозициските Народно-републиканска партија и на Партијата на национално единство Екмеледин Ихсаноглу и кандидатот на прокурдската Народно-демократска партија Селахатин Демирташ. За да победи во првиот круг, еден од кандидатите мора да освои апсолутно мнозинство гласови, односно 50% плус еден глас од вкупно запишаните во избирачкиот список. Доколку ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, втор круг ќе се одржи на 24 август. Медиумите во Турција сепак очекуваат Ердоган уште во првиот круг да ја помине потребната држава и да стане нов претседател на Турција. Тој веќе најавува дека има намера, доколку победи, претседателската функција да ја прошири со нови надлежности. Неговата партија се залага се широки уставни измени со кои претседателската функција во Турција ќе се зајакне и земјата ќе добие мешовит политички систем сличен на оној во Франција, наместо досегашната парламентарна демократија. Противниците на Ердоган го обвинуваат дека тој всушност се обидува да го наруши секуларниот систем на државата, воспоставен од Мустафа Кемал Ататурк. Скапата предизборна кампања на Ердоган за претседателската функција траеше цели три месеци, под мотото „Национална волја, национална сила“. Се гласа на 165.000 гласачки места до 17 часот по локално време, по што започнуваат да се пребројуваат гласовите. До 21 часот медиумите можат да ги објавуваат резултатите само од Централната изборна комисија. До тогаш се забранети коментари на прелиминарните резултати, прогнози и оценки на изборите.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни