19 Декември, 2025
0.0747

Турските инвестиции во Македонија ќе пораснат до 2 милијарди евра!

Објавено во: Економија 03 Март, 2013 19:10

Добивај вести на Viber

Со цел сумирање на досегашните резултати и подобрување на соработката, денеска во Скопје се одржа турско-македонскиот бизнис форум во организација на Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО). Турција е деветтиот најзначаен трговски партнер на Македонија, а за две децении трговијата меѓу двете земји е зголемена осум пати, истакна во своето обраќање на форумот премиерот Никола Груевски, кој додаде дека освен какоеден од најголемите политички сојузници, Турција прераснува најдобар економски партнер на земјава. „Се надевам дека потенцијалите за соработка меѓу двети земји и во иднина ќе бидат искористени, а уверен сум дека постојат огромни потенцијали за соработка. Ги повикувам турските инвеститори да ги искористат поволностите што ги нуди Македонија и да инвестираат“, изјави Груевски. Тој исто така најави дека во соработка со стопанските комори, државата ќе вложи напори за подобрување на деловната клима и подигнувањето на капацитетот на институциите во Македонија која ја гледа како членка на Европската унија и на НАТО. Според претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Тунај Ејуп Кавеџи дека вкупните инвестиции од членките на МАТТО кои инвестирале или тргуваат со Македонија, а чии инвестиции се завршени или се во тек, досега изнесуваат една милијарда евра, а до 2015 се очекува да достигнат до две милијарди евра. „Една од основните цели на МАТТО е да создава силно лоби кај турските и македонските инвеститори“, истакна Кавеџи. Тој исто така побара турската лира да биде конвертабилна во Македонија, а посочи и дека се заинтересирани за отворање турска инвестициска област во Македонија. МАТТО е оформена во 2008 година како невладина организација и во неа членуваат деловни луѓе од Турција и Македонија.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар