Турските семејства со повеќе од три деца ќе добиваат ваучери од по 300 лири за храна на децата
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2013 10:03
Турската влада планира да исплаќа по 300 турски лири, под форма на ваучери за храна за бебињата и малите деца, на семејствата со повеќе од три деца, соопшти денеска турскиот весник „Акшам“.
Проектот е подготвен по наредба на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во врска со неговиот апел турските семејства да имаат по најмалку три деца.
Планот е заеднички разработен од четири министерства: за семејство и социјална политика, за финансии, за развој и за труд и социјална сигурност.
Се планира сумата од 300 турски лири (123 евра) да се доделува на повеќедетните семејства под форма на ваучери за храна за децата од раѓање до три години.
По 300 турски лири ќе им се даваат и на семејствата со малку поголеми деца, за трошоци за детска градинка за малите деца на возраст од три до шест години.
Турскиот сајт Интернетхабер забележува дека владата соопшти за планираната помош откако минатата недела беа објавени новите податоци за бројот на населението во Турција, кое надмина 75 милиони лица, но беше забележем пад во прирастот на населението во 2012 година во однос на претходната година.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




